Градските ривали Милан и Интер одиграа мирољубиво

Дербито “Дела Мадонина” заврши без победник откако тимовите на Милан и Интер одиграа со резултат 1:1.

Иако според формата се очекуваше натпревар со просечен квалитет, сепак фудбалерите на двата тима одиграа квалитетен и возбудлив натпревар, исполнет со шанси и два погодока.

Милан прв поведе откако младиот италијански репрезентативец Стефан Ел Шарави прецизно центрираше од левата страна, а тоа знаеше да го искористи Жереми Менез со гол специфичен само за големите мајстори на фудбалската игра.

Она што загрижува сезонава во играта на Милан е одбраната, која и на овој натпревар имаше несмасни реакции, а тоа знаеше како да го казни Оби во 61-та минута, кој го совлада Диего Лопез и ги постави конечните 1:1.

Серие А, 12.коло

Сабота:

Аталанта – Рома 1:2

Лацио – Јувентус 0:3

Недела:

Торино – Сасуоло 0:1

Чезена – Сампдорија 1:1

Верона – Фиорентина 1:2

Наполи – Каљари 3:3

Парма – Емполи 0:2

Удинезе – Киево 1:1

Милан – Интер 1:1

Понеделник:

Џенова – Палермо

Табела: Јувентус 31, Рома 28, Наполи 22, Сампдорија 21…