Голем пожар во скопската населба Циглана, изгореа 20 куќи

Повредени нема, но причинета е значителна материјална штета. Пожарникарите заедно со жителите го гаселе пожарот но пламените јазици брзо се ширеле низ куките кои се речиси залепени една до друга, јави „Канал 5“.

Граѓаните кои останаа без своите домови со солзи во очите за „Канал 5“ раскажаа за страшната случка и паниката која настанала кога среде сон биле разбудени со веста дека пожарот се наближува до нивните домови.

Ги земале децата веднаш излегле од куќите и како што раскажуваат, не успеале дури ни облека со себе да земат.

Се прашуваат каде ќе ја минат ноќта бидејќи пожарот целосно ги опустошил нивните домови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.