Триесет ученици и две професорки затруени во Гостивар

Триест ученици и две професорки досега побарале лекарска помош во гостиварската болница, дознаваме неофицијално.

Според нашите информации, се’ почнало во 15 часот кога неколку ученички во средното економско училиште одејќи од спортската сала кон соблекувалните почувствувал особено лош мирис, а веднаш потоа им се слошило. Миризбата за кратко време се проширила низ ходникот и долниот дел од училиштата зграда.

Веднаш биле алармирани надлежните служи,а полицијата пристигнала на терен за да го обезбеди објектот. Направени се обиди да се утвди изворот на миризбата, но досега ништо не е откриено.

Нашите извори велат дека постојано се зголемува бројот на ученици и професори кои бараат лекарска помош во Медицинскиот центаро во Гостивар наводно поради симптоми предизвикани од непознатиот гас. 

Како што објавивме претходно, десетина од затруените се префрлени на Клиниката за токсикологија во Скопје и се наоѓаат во добра здравствена состојба.