ААК: Одлуката на францускиот суд е делумна правда

Алијансата за иднината на Косово (ААК), партијата чиј лидер е Рамуш Харадинај, ја оцени како „делумна“ правда одлуката на францускиот суд да дозволи конечната одлука за испорачување да ја дочека на условна слобода и апелираше до француските власти да ја забрзаат процедурата за одлучување по барањето на Белград.

– Алијансата е изненадена со денешната одлука на француските власти поради фактот што тој нема да може да се врати во Косово. Веруваме дека одлуката да се пушти од притвор без можност да се врати дома не е целосна правда, наведе АКК во соопштението за медиумите.