Амбасадата на САД бара идеи за решеавање на загадувањето во Скопје, руската ѝ понуди решение

Загаденоста на воздухот во Скопје која во средата и четвртокот ги урива сите светски рекорди, предизвика и доза загриженост кај американската амбасада во Република Македонија која преку официјалниот твитер профил побара предлози за решение на проблемот, а нивните колеги од руската амбасада веднаш одговорија со предлог – гасоводот Турски тек.

Амбасадата на САД во Република Македонија преку својот микроблог на социјалната мрежа изрази загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.

Руската амбасада, исто така, преку нивниот твитер профил одговорија на повикот на американската амбасада со предлог за долгорочно и одржливо прочистување на воздухот во Скопје.

„Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение”, стои во натписот на официјалниот твитер профил на Руската амбасада во земјава, на која се гледа скица од планираниот гасовод „Турски Тек” кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.