четврток, 5 јануари 2017  |  Вести денес: 38

Абдеслам пуштен од болница, следува распит во полицијата

Главниот осомничен за терористичките напади во Париз во ноември минатата година Салах Абдеслам и неговиот соучесник утрово биле пуштени од болницата во Брисел каде во текот на ноќта им била укажана помош за повредите од огнено оружје со кои што се здобија во текот на апсењето синоќа, пренесува „Танјуг“.

pariz-teroristi-policija

Поврзани вести

Главниот осомничен за терористичките напади во Париз во ноември минатата година Салах Абдеслам и неговиот соучесник утрово биле пуштени од болницата во Брисел каде во текот на ноќта им била укажана помош за повредите од огнено оружје со кои што се здобија во текот на апсењето синоќа, пренесува „Танјуг“.

Двајцата осомничени терористи ја напуштија болницата „Сан Пјер“, напиша на Твитер градоначалникот на белгиската престолнина Иван Мајер, но не наведе каде се однесени Абдеслам и неговиот соучесник.

АФП наведува дека двајцата најверојатно ќе бидат испрашани во полиција пред сослушувањето за нивното испорачување во Франција. Екстрадицијата би требало да биде извршена со забрзана процедура.

Белгиската полиција вчера уапси вкупно петмина во акцијата во Брисел, меѓу кои и Салах Абдеслам, кој беше главен осомничен за нападите од Париз.

Најчитани вести