Абдула Ѓул: Не верувам во тврдењата за надворешни заговори против Турција

Претседателот на Турција, Абдула Ѓул изјавил дека не верува во тврдењата за спроведени надворешни заговори против земјата, објави телевизискиот канал „НТВ“.

За време на официјалната посета на Данска, турскиот лидер одговори на прашања на новинари и изрази загриженост и жалење за актуелната политичка ситуација во Турција.

„Тврдењата за надворешни заговори и заговори се изрази својствени за земјите од ‘третиот свет’. Не им верувам на тезите за надворешни заговори“, посочил уште Абдуллах Ѓул.