Абдулсада: Почнете борба додека џихадистите се далеку

Амбасадорот на Ирак во Србија Фалаг Абдулсада предупреди дека неговата земја сега води борба против тероризмот во име на целокупната човечка цивилизација и истакна дека таа зла болест е закана за целиот свет па дури и за Србија.

Изнесувајќи ги своите лични ставови на тема колку Србија има причини за страв од тероризмот во интервју за франкфуртски Вести, Абдулсада истакнува дека безбедносните институции во Србија треба да почнат борба против тероризмот и терористичките организации додека тие се далеку.

– Затоа што кога ќе дојдат тука, Србија и нејзините граѓани ќе загубат, вели амбасадорот.

Тој потсетува дека во моментот во Ирак борбата против терористите ја водат единиците на регуларната војска.

– За жал, на тие терористички организации им се приклучија припадници од повеќе од 80 различни националности од разни делови на светот. Меѓу нив има и личности од Србија и од другите балкански земји. Сепак, редовните единици на војската со помош на организирани народни формации успеаја да им застанат на патот, да го сопрат нивното напредување кон Багдад и да ослободат многу ирачки градови, како и некои области покрај Синџар, вели Абдулсада.

Укажувајќи дека војната се уште трае, Абдулсада истакнува дека би било многу лесно да се уништат тие терористички организации ако не користат невини цивили – жени, деца, старци, како жив штит поради што војската не може да користи сила која е потребна.