Абдурахими: Друловиќ го подигна тимскиот дух во националниот тим

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за квалификацискиот меч против Словачка, кој ќе се игра во Жилина.

Атмосферата во националниот тим е одлична, а репрезентативците се задоволни од работата на новиот селектор Љубинко Друловиќ.

“Селекторот Друловиќ наметна своја визија за работа која сите ја прифативме и го подигнавме тимскиот дух во националниот тим. Во претходниве неколку дена навистина работиме добро, но вистинскиот предизвик допрва следува. Треба и мора да бидеме квалитетно организирани во сите фази од мечот против Словачка. Се надевам дека секој ќе ги исполни задачите, односно ќе ги следи инструкциите на стручниот штаб и ќе одиграме добар натпревар”, вели за сајтот на ФФМ, Бесарт Абдурахими.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.