Абдурахими во друштво на Бејл, Иско..

Победоносниот гол на Бесарт Абдурахими против Луксембург е избран помеѓу петте најубави погодоци во досегашниот дел од квалификациите за Евро 2016.

Во изборот на УЕФА, покрај погодокот на Абдурахими, се најдоа и ремек-делата на Герет Бејл против Андора, Беким Балај против Португалија, Билал Киса против Летонија и Иско против Белорусија.

Инаку токму фантастичниот гол на Абдурахими, кој од страна на “Скај Спорт” беше прогласен за погодок на колото во октомври, и ја донесе досега единствената победа на Македонија во овој циклус на квалификации.