Абе предвремените избори ги правда со заканата од Пјонгјанг

Јапонскиот премиер Шинзо Абе го објасни распуштањето на долниот дом на парламентот со цел да се спроведат вонредни избори на 22-и октомври со нуклеарно-балистичката закана од страна на Северна Кореја.

„Ова ќе бидат избори кои бараат да се одговори на прашањето како да се заштити Јапонија, како да се заштити животот на граѓаните во мир“, изјави премиерот Шинзо Абе во изјавата за телевизијата NHK.

Според него, изборот на новиот состав на парламентот треба „да го расчисти патот“ кон иднината на Јапонија и јапонските деца.

Мандатот на сегашниот состав на јапонскиот парламент истекуваше во декември следната година.

Опозицијата го критикуваше Абе за овој потег, обвинувајќи го за обид да го искористи распуштањето на претставничкиот дом и органзирањето на изборите за да попречи незгодната постапки за него. Особено, тие се однесуваат на можноста за вмешаност на премиерот во незаконски махинации поврзани со образовните организации „Моритимо Гакуен“ и „Каке Гакуен“.