Абиати: Балотели ќе биде новиот Златан Ибрахимовиќ

Легенадрниот голман на италијанскиот калчо гигант Милан, Кристијано Абиати е убеден дека контоверзниот напаѓач, Марио Балотели може да биде новиот Златан Ибрахимовиќ на “Сан Сиро”.
Освен што верува во квалитетите на репрезентативецот на Италија, Абиати откри дека под водство на Филипо Пипо Инзаги, популарните “росонери” повторно ќе се вратат на победничката патека.
“Мислам дека ќе биде позитивно расположен, дека ќе ја има потребната желба за докажување. Балотели ќе сака да се докаже после лошата епизода за време на Мундијалот во Бразил. Ќе сака на целиот свет да му покаже дека тоа што се случи во Бразил е само една лоша епизода. Дали е можно да биде новиот Ибрахимовиќ за Милан? Ако свати дека мора да даде се од себе во дресот на Милан, дека мора да даде се од себе за време на тренинзите и натпреварите, тогаш Марио може да биде новиот Златан Ибрахимовиќ. Уубеден сум Марио ќе успее под водство на Пипо Инзаги. Инзаги ја врати, ја донесе потребната желба за успех. Сега сме повторно целина, сите го следиме во еден чекор. Инзаги го има потребниот респект, сите го почитуваат”, изјави Абиати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.