Ласовска: Аблицијата на Иванов е уставна

Ласовска: Аблицијата на Иванов е уставна
Ласовска: Аблицијата на Иванов е уставна
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес во вториот ден од расправата за импичмент на Претседателот Ѓорѓе Иванов реплицирајќи на колегите од СДСМ истакна дека Претседателот во ниту еден момент не го прекршил Уставот со помилувањата кои што ги направи.

-Веќе втор ден разговараме за импичментот кои што вие го имате поднесено и колку што можам да сфатам вие мислите дека Претседателот на републиката го прекршил уставот и ние тука пратениците треба да кажеме дали го прекршил или не. Комисијата убаво се изјасни дека Претседателот Ѓоѓе Иванов нема направено прекршок на Уставот. Значи уставно право но и должност на Претседателот е кога има одредени сознанија дека се нарушени одредени безбедносни мерки, јас тука би сакала да го нагласам и моментот кога ја даде аболицијата, значи немојте да заборавите дека тој ги поднесе овие аболиции додека беше распуштено Собранието, имавме техничка влада и Собранието не функционираше. Ние како партија излеговме со став дека не ја поддржуваме таа аболиција меѓутоа сосема ги разбираме причините за кои што ја поднел Претседателот оваа аболиција и таа е сосема уставна, рече Благица Ласовска.

Ласовска исто така ги запраша колегите од опозицијата зошто не бараа присуство на Катица Јанева кога требаше да се разгледува извештајот за работата на СЈО, а денес зборуваат како тоа Иванов требало да биде присутен во Собранието.

-Прашувате зошто не е присутен Претседателот Ѓорѓе Иванов тука. Тоа е ваше право да барате присуство. Но зошто кога требаше да го разгледуваме извештајот на СЈО зошто исто така не баравте Катица Јанева која што ние пратениците ја биравме да дојде и да присуствува на седница? Зошто кога слушавте во јавноста колку имаат плати кои што ние како пратеници и ги одобривме како буџет, зошто не побаравте да дојде во Собранието и да даде извештај за својата работа, запраша Ласовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.