Абрамович го отплатил коцкарскиот долг на Достоевски

Во германскиот град Висбаден има една коцкарница, во која своевремено редовен гостин бил светски славниот писател Фјодор Михаилович Достоевски. Таму тој останал должен позавидна сума на пари.

Приказната е дека во таа коцкарница големиот руски писател, автор на славното дело „Коцкар“, останал должен многу пари. Во денешна вредност тоа би било околу 240.000 евра. Се’ до минатата година на влезот од коцкарницата била закачена табла на која пишувало:

„Во оваа коцкарница Ф.М. Достоевски остана должен…“

На ова многу се вознемирил рускиот богаташ, сопственик на лондонскиот фудбалски клуб Челзи и гувернер на автономната руска област Чукотска, Роман Абрамович.

Тој го платил долгот и на надлежните во коцкарницата им наредил:

„Достоевски не должи никому ништи. Отстранете ја таа срамна табла!“.

dostoevsky

Инаку, познатиот краток роман „Коцкар“ ја рефлектира зависноста на писателот кон рулетот. Своето литературно дело Достоевски не го завршил се’ додека не ги отплатил коцкарските долгови во периодот кога го пишувал.