Абрамович ќе изброи 40 милиони фунти за Диего Коста

Фудбалските медиуми на Островот и понатаму се убедени дека лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе излези како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Коста.

Според англиските медиуму двата клуба веќе седнале на преговарачката маса, а најавениот трансфер ќе биде реализиран откако челниците на Атлетико (М) и Челзи постигнат договор околу побараното обештетување кое сигурно нема да биде помало од 40 мил. фунти.

Потребната парична сума, сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ќе ја обезбеди прво со продажбата на шпанскиот интернационалец, Фернандо Торес, кој е проценет на 25 мил. фунти, а понуда не помала од 10 мил. фунти Челзи очекува и за репрезентативецот на Сенегал, Демба Ба.