Абрамович ќе одвои 12.5 мил. фунти за Лазар Марковиќ

Лондонскиот премиерлигаш Чезли, најверојатно ќе излези како победник во трката по потписот на српскиот интернационалец од редовите на португалскиот прволигаш Бенфика, Лазар Марковиќ.

За разлика од пред неколку недели, кога англиските медиуми беа убедени дека крилниот напаѓач на Бенфика ќе биде првата летна аквизиција на англискиот премиерлигаш Ливерпул, сега истите ја пласираа информацијата дека челниците на португалскиот клуб и на Челзи се на чекор од реализација на најавениот трансфер кој ќе биде комплетиран на стартот од летниот преоден рок.

Во 5-годишниот договор кој Марковиќ го потпиша откако ја прифати понудата на Бенфика има ослободителна клаузула која ќе биде активирана доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда за неговите услуги не помала од 33 мил. фунти.

Таква понуда нема да испрати сопственикот на Челзи, но Роман Абрамович ќе мора да одвои околу 12.5 мил. фунти за услугите на 20-годишниот крилен напаѓач кој има статус на еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата.