Аца Лукас заврши во болница

Аца Лукас заврши во болница

Познатиот пејач Аца Лукас заврши во болница, каде што ќе остане некое време.

Фолкерот е задржан на болничко лекување поради дискус хернија. Тој веќе подолго време има проблеми со рбетот, па ова беше неминовно.

Процесот на закрепнувањето ќе трае три недели, а уште не е познато кога ќе ја напушти болницата.

Поради ова Аца Лукас ги одложи сите деловни обврски, а помеѓу останатото во следните недели нема да присуствува како жири во „Ѕвездите на Гранд“.