Аце Јоноски се сели во Ла Риоха

Еден од клучните одбранбени играчи на старата постава на Металург, Аце Јоноски, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. До крајот на сезонава, Јоноски ќе го носи дресот на екипата на Ла Риоха.

– Потпишав договор со Ла Риоха до крајот на сезоната, за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Морав да заминам, да тренирам и да настапувам некаде. Ла Риоха е добар, стабилен тим во кој со тренинзите и со настапите ќе бидам подготвен и за мене и за репрезентацијата, вели Јоноски.

Јоноски освен во Металург досега има настапувано за Пелистер, Бешикташ, Вардар ПРО, швајцарскиот Сент Гален, данскиот Силкеборг, во сараевска Босна. По петгодишната интернационална кариера во 2010 година се врати во Македонија и во изминатите пет сезони го носеше дресот на Металург.

Јоноски ќе биде третиот Македонец во шпанската АСОБАЛ лига покрај Кире Лазаров во Барселона и Дарко Димитриевски кој настапува за Адемар Леон.

фото: makrakomet.com