Македонија

Ачковска: На нас Македонците во моментот ни се прави духовен холокауст

Ачковска: На нас Македонците во моментот ни се прави духовен холокауст

На нас Македонците во моментот ни се прави духовен холокауст, истакна на денешната трибина професорката Виолета Ачковска.

-Пазарење со нашето име, со нашата нација нема да има. Јас сум еден од оние кои 25 години се борат да не се прекрсти нашата држава. Нема референдум за името. Нашето име е Република Македонија и тоа не е ниту за референдум, ниту за преговори, рече Ачковска.

Таа смета дека оваа психолошка војна, како што ја нарече таа, што во мометот се води е со цел Македонците да бидат ставени на колена, да бидат слаби со цел разнебитување на макдонската држава.

Мора да си ја одбраниме нашата држава и јас затоа сум денес тука, порача Ачковска од трибината на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија.