Ачковска: Опозицијата е виновна за расколот кој владее

Професорката Виолета Ачковска на синоќешната трибина на Граѓанското движење за одбрана на Македонија истакна дека низ историјата на македонскиот народ имало предавства, но оти секогаш кога било потребно народот станувал единствен и истрајувал.

За расколот кој владее во моментов, таа ја обвини опозицијата.

– И сега кога не можат да понудат нешто ново, се служат со помош на странски служби, со намонтирани материјали со кое за жал повторно го делат македонското национално ткиво. Таа поделба не довела до братоубистевни војни. Затоа ќе порачам дека на Македонецот единствена татковина е Македонија, а не некоја партија, рече Ачковска.