Ачковска: Денес славиме сувереност, но, не создавање на македонската држава

Kако историчар никогаш не ги прифаќам датумите. Датумот е само еден симбол, една попатна станица на која треба ние да запреме и да се потсетиме, да одбележиме дека нешто сме направиле во претходниот период“, изјави историчарот и универзитетски професор Виолета Ачковска, во отвореното студио на ТВ Нова по повод 25-годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.

-Никогаш не можам да кажам дека на 8 септември сме ја создале државата. Македонската држава со сите атрибути и со тој ограничен суверенитет кој го имаше во авнојска Југославија, таа е создадена  на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година. Тогаш е прогласена Демократска Федерална Македонија, првата современа македонска држава“, рече Ачковска.

Во продолжение погледнете го целиот разговор со Виолета Ачковска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.