Ад хок телото за медиуми го усвои деловникот

Ад хок телото за мониторинг на медиумите го усвои деловникот за работа. За да еден медиум добие казна ќе треба рака да кренат тројца од 5-те члена.

За одржување седница потребен ќе биде кворум од тројца но за да донесат одлука ќе треба да бидат едногласни.

Начелно била изразена волја одлуките да се носат со консензус онаму каде ќе има јасни прекршувања.