Адаптивните, едноставни мерки – најдобра заштита од климатските промени

адаптивите

Како што велат експертите, мерките за превенција и заштита треба да ги креираат производителите зашто тие се директно соочени со последиците од климатските промени, а примената мора да почне најпрво на локално ниво.

Најдобро, според научни истражувања, е да се користи пристапот „од долу – нагоре“ што подразбира локалните актери сами да ги осмислуваат стратегиите и да ги адаптираат активностите за заштита зашто токму тие се најблиску до проблемот, а тоа значи и најблиску до решението.

Последните анализи покажуваат дека наједноставните мерки даваат најдобар резултат, но независно дали станува збор за градинарство, лозарство, поледелство, овоштарство, сточарство,…, клучна е соработката, кооперацијата на фармерите со стручњаците и институциите. Треба да постои партнерство и интегрираност.

Климатските промени се веќе реалност и еден од најголемите предизвици со кои се соочува нашата генерација. Предизвикуваат сериозни еколошки и социјални последици. Ова мора да го земеме предвид особено, како што истакнуваат експертите, зашто во Македонија речиси половина од руралното население е економски зависно од земјоделското производство и со примена на практични адаптивни методи приходот може да се зголеми и за преку 60 отсто.

Експертите порачуваат употреба на заштитни УВ-мрежи, соодветна резидба, мулчирање, соодветни објекти за чување добиток со доволно светлина и провев,…,а одржливото производство е исклучително важно зашто подразбира сигурен, квалитетен, стандардизиран принос и поголем профит.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.