Адел најбогата пејачка во Британија

Британската поп сензација Aдел е најбогатата пејачка во Велика Британија, а нејзиното богатство се проценува на 85 милиони фунти.

Само со три албуми, 12 синглови и вкупно три светски турнеи зад себе, Адел стана она што на многумина не им успеа ни после долгогодишната музичка кариера.

655-402-adel-rodi-momche

Порталот  „Sunday Times RICH List“ објави дека Адел го постави својот рекорд со тоа што за само една година на списокот се искачи од 40-тото на прво место на најбогати музичари во Британија.