Адел урива рекорди: Милијарда прегледи на Јутјуб за три месеци

Британската пејачка Адел го собори рекордот по број на прегледи на нејзината нова песна „Hello“, на сајтот Јутјуб.

Хитот „Hello“ на британската пејачка Адел собра повеќе од еден милион прегледи на Јутјуб и тоа за неверојатно краток временски период од три месеци.

Колку за потсетување, пред песната „Hello“, која прва стигна до магичната бројка од една милијарда прегледи на Јутјуб, беше „Гангнам стајл“ на јужнокоејскиот рапер Сај. Сепак, нему му требаше многу повеќе време да дојде до првата милијарда прегледи отколку на Адел.

Британската пејачка е добитничка на повеќе Греми награди, најпрестижната награда во музичката индустрија и Оскар за „Skyfall“ во категоријата за најдобра оригинална песна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.