Адеми и Динамо З. против Скендербег, Лацио и Валенсија против Баер Л. односно Монако

Заврши извлекувањето за плеј-оф двојките во ЛШ - Лацио - Баер Л. и Валенсија - Монако се најинтересните двојки

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој настапува во тимот на Динамо Загреб, за противник во плеј-офот од Лигата на шампионите го доби албанскиот претставник Скендербег.

Иако хрватскиот шампион не е во најпосакуваната форма на стартот од сезоната, сепак важи за огромен фаворит, со оглед на фактот дека и самиот пласман на Скендербег во разигрувањето за влез во групите е историски успех. Сепак, во спортот можни се подвизи и на “помалите” клубови, а на најдобар начин тоа го покажа токму нашиот Работнички во двомечот со фаворизираниот Трабзон.

АПОЕЛ, кој во втората квалификациска рунда го елиминираше Вардар, исто така е близу до ЛШ откако за ривал ја доби Астана од Казахстан. Нашиот шампион може само да жали за голема можност која ја пропушти со елиминацијата од АПОЕЛ, бидејќи најпрво Мидтјиланд, а сега и Астана се противници против кои Вардар може и тоа како да се надигрува.

Крајно неизвесно се очекува да биде во двомечот меѓу Лацио и Баер Леверкузен, како и дуелите меѓу Валенсија и Монако, додека Манчестер јунајтед имаше многу среќа при ждребот, па во конкуренција на тимови како Лацио и Монако, се сретна со Бриж.

Извлечени бараж двојките за влез во групите од ЛШ
Извлечени бараж двојките за влез во групите од ЛШ

Двојки за баражот во ЛШ:

Астана – АПОЕЛ

Скендербег – Динамо З.

Селтик – Малме

Базел – Макаби Т.А

БАТЕ Борисов – Партизан

Манчестер ј. – Бриж

Валенсија – Монако

Лацио – Баер Леверкузен

Спортинг Л. – ЦСКА М.

Рапид В. – Шахтјор

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.