И без Адеми, Динамо Загреб забележа триумф на гостувањето во Албанија

Пиварич постигна гол во 93-та минута и им донесе огромна предност на своите соиграчи пред реваншот на Максимир

По одличниот натпревар одигран на гости против Молде во претходното квалификационо коло, Динамо Загреб забележа триумф и на гостувањето во Албанија, поразувајќи го Скендербег со 1:2. Иако домашните поведоа со погодокот на Шкемби во 37-та минута, сепак Судани израмни во 66-та минута, за во последната минута од судиското надополнување Пивариќ да ги постави конечните 1:2 и да овозможи предност пред реваншот на “Максимир” за седум дена.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не настапи во дресот на хрватскиот шампион поради повредата на колкот. Адеми, според последните информации, го очекува пауза од уште 14 дена.

И тимот на украински Шахтјор успеа да слави на гости, победувајќи го Рапид во Виена. Стрелец на единствениот погодок беше Марлос во 44-та минута.

На останатите натпревари Селтик беше подобар противник и на два пати имаше водство од два гола, но сепак во Малме ќе патува со предност од 3:2. Валенсија со 3:1 го совлада Монако во дербито на вечерта, додека Базел направи целосен пресврт против Макаби Тел Авив и по негативата поведе со 2:1, но Зехави во 96-та минута постигна гол кој може да биде одлучувачки во пласманот во групната фаза од ЛШ.