Адеми им посака успешна година на студентите

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми им посака успешни студии на студентите на Државниот универзитет во Тетово и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

 – Од тука треба да произлезат кадри кои ќе бидат конкурентни не само меѓу себе и своите сонародници, туку и со сите граѓани во земјата и во странство. Ние ќе имаме неколку конкретни проекти за Државниот универзитет во Тетово, за неговиот развој и квалитетно простирање. Во процес сме на изготвување на потребната документација за издигнување на универзитетскиот кампус во Скопје каде ќе изградиме нов објект  за потребите на факултетите на Универзитетот во Скопје и за потребите на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија, истакна пред студентите министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми, кој заедно се ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Амети присуствуваа на свеченоста со која беше одбележан почетокот на новата академска 2014/2015 учебна годнина.

За министерот Адеми, квалитетот на образованието во ДУТ и неговото подобрување не е само  законска, туку и национална обврска.

– Ќе основаме, нагласи министерот Адеми, три нови факултети во рамките на ДУТ, Педагошки факултет, Факултет за земјоделство и Факултет за технологија и геонаука, додавајќи дека се прават можности за професори со најдобри светски искуства вработени во светските универзитети да можат да склучуваат работни односи и да предаваат во универзитетот, како и да бидат ментори на студентите во нивните постдипломски студии.

Министерот Адеми, им посака успех и на студентите на Технолошко-металуршкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.