Адеми на министерски состанок во Атина

Делегација предводена од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска и утре ќе учествува на неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ што ќе се одржи во Атина.

На состанокот ќе бидат разменети мислења за подготовките за наредната министерска сесија која ќе се одржи во Бон на 5 и 6 јуни, како и за механизмот од Кјото.