Адеми “падна” и на Б-тестот, го очекува подолга пауза

Според ова, на Адеми кој имаше позитивен допинг тест по дуелот со Арсенал од Лигата на шампионите, му се заканува суспензија од една до четири години.

Иако суспензијата никогаш не е добредојдена, оваа за Адеми ќе дојде во најлош момент, токму кога се очекуваше нашиот интернационалец да направи трансфер во некој од поголемите европски клубови.

Сеуште е нејасно која недозволена супстанца ја користел Адеми и дали тоа го правел на своја рака, бидејќи лекарскиот тим на Динамо е сигурен дека тој не ја добил во својот клуб.

Дисциплинската комисија на УЕФА ќе ја донесе одлуката за овој случај на 27-ми октомври, по што ќе знаеме повеќе детали. Според правилата, клубот и фудбалерот не смеат да коментираат до соопштувањето на одлуката, – велат од Динамо Загреб.