Адхок комисијата покрена прекршочни постапки против седум телевизии

Привремената комисија за следење на медиумското претставување донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите Алсат, Канал 5, Нова, Сител, Телма, Шења и 24 Часа.

Постапките ќе се водат за прекршување на членот 75 од Изборниот законик, кој ја регулира балансираноста во известувањето и во одвоеното време за одредени партии во текот на кампањата. Ова беше
деветтиот и претпоследен круг на набљудување на известувањето на медиумите од страна на Комисијата, која беше формирана во рамките на Агенцијата за Медиуми да ги разгледува уредувачките одлуки на
медиумите.

Комисијата вчера и денеска гласаше за поведување прекршочни постапки и против повеќе телевизии и радија кои се однесуваат на времетрањето и просторот во кој се пласирани платени политички реклами, необележување на рекламите и пропусти при информирањето за анкетите на јавното мислење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.