понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 0

Адхок комисијата за медиуми поднесе две прекршочни пријави

Привремената Комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница со три гласа „за“ донесе одлуки за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Нова“ и „Алфа“, за прекршоци од членот 75 став 1 на Изборниот Законик.

адхок

Поврзани вести

Со истите три гласа „против“ Комисијата отфрли предлози за поведување прекршочни постапки против телевизиите „Телма“ и „24 Вести“, за истиот член од законот со кој се бара правично, балансирано и коректно известување во текот на предизборниот период.

Во тек на претходниот ден, Комисијата донесе одлука за поведување прекршочна постапка и против телевизија „Сител“, а беше отфрлено барањето за постапка против телевизија „Алсат“, двете по член 75 став 1

Најчитани вести