Адидас направи специјални копачки за Меси

Освен спортските компании и експертите обраќаат големо внимание на тоа каков тип на копачка сакаат да носат фудбалерите и најголемите ѕвезди. Секогаш, на прво место е удобноста, дали фудбалерот се чуствува удобно на зелениот терен, додека се бори со топката, дали копачката лесно со вклопува во формата на неговата нога и не му создава некакви непријатности на зглобот.

Пред секој Мундијал има специјални средби и состаноци, еден вид на форуми каде се презентираат високите и најсложените технологии, кои се наменети за фудбалските копачки.

Познатиот бренд “Најк”, ја претстави новата серија на копачки “Меџиста”, додека најголемиот ривал, “Адидас”, се појави на фудбалскиот пазар со две опции. Првата опција е развиена само за играта на Лионел Меси и втората “жс”, плетени копачки кои го покриваат глуждот од ногата.