Адидас поради Манчестер Јунајтед му “раскина” на Мареј

Новиот скап договор меѓу Манчестер Јунајтед и Адидас била причината што германската компанија за спортска опрема одлучила да ја прекине соработката со британскиот тенисер Енди Мареј, пишува порталот Дерби.

Како што е познато, Адидас и Јунајтед постигнаа десетгодишен договор вреден 750 милиони фунти кој почнува од идната сезона, па поради зголемените трошоци, Германците морале да се откажат од дел од своите спонзорства. Меѓу првите, изборот паднал на Мареј кој лани имаше слаба сезона, па на него не му било понудено продолжување на договорот со компанијата со која соработуваше од 2009 година и заработи 30 милиони фунти.

Покрај Мареј, колатерална штета од соработката меѓу Јунајтед и Адидас се англиската крикет репрезентација и рагби-унијата на Англија и Ирска.

Британскиот тенисер на крајот од минатата година потпиша со американската компанија за спортска опрема Андер Армоур и тоа на четири години за 25 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.