Македонија,Економија

Администрацијата ќе добие покачување од октомври, а пензионерите догодина

Администрацијата ќе добие покачување од октомври, а пензионерите догодина

Од октомври покачување на платите на јавната администрација, а догодина и ново покачување на пензиите, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната работна посета на Кратово.

Вицепремиерот Ставрески истакна дека и покрај предизвиците кои се случуваат на економски план во регионот и светот, што доведува до намалување на платите и пензиите  во повеќе држави, Владата на Република Македонија успева да одржи макроекономска стабилност, но и да ги зголеми платите и пензиите.

– Деновиве Србија објави дека ќе ги намалува платите и пензиите за 10 отсто.Португалија истото го направи. Даноци на пензии се воведуваат во некои земји. Ние сме далеку од тоа. Со здравите економски политики ќе успееме не само да не дојде до такви ситуации, туку и да го реализираме она што е ветено кон граѓаните, а тоа е зголемување на платите во јавниот сектор оваа година, почнувајќи со платата за месец октомври, изјави министерот Ставрески и најави и ново покачување на пензиите за следната година.

Ставрески истакна дека со вакви економски политики на Владата Република Македонија и понатаму ќе ја задрзи макроекономска и фискална стабилност.

– Во вакви времиња кога во другите земји има непопуларни и тешки мерки кои го влошуваат стандардот на граѓанитем, ние успеавме да се справиме со тешки предизвици и да обезбедиме реален пораст на примањата кои се финансираат од буџетот, заклучи Ставрески.