„Адора“ добитник на светската награда The Bizz 2016 за иновативен стил во домувањето (ВИДЕО)

Компанијата „Адора инженеринг“ е добитник на светската награда The Bizz 2016. за иновативен стил во домувањето во Монте Карло од страна на Светската бизнис конфедерација.

Ова е една од најзначајните награди која им се доделува на водечките компании во развојот на бизнисот на национално и светско ниво.

nagrada1
Менаџментот на „Адора инженеринг“ со наградата

Генералниот директор на компанијата, професор д-р Ванчо Чифлиганец истакна дека наградата претставува дополнителен мотив за компанијата, а воедно претставува и признание како за компанијата, така и за целата држава.

-Чест ни е што го добивме ова светско признание од страна на Светската бизнис конфедерација, каде што членуваат 3.000 членки и над 100 држави. За нас мотив плус претставува тоа што ја препознаа „Адора инженеринг“ во унапредувањето на квалитетното домување. Чест е што иновативниот приод кога се работи за квалитетното домување е се повеќе присутен во Македонија преку компанијата „Адора инженеринг“, вели Чифлиганец, кој додава дека наградата за нив претставува голема чест и мотивација.

Тој додаде дека оваа награда освен што е признание за „Адора инженеринг“, воедно е признание и за Република Македонија.

Заменик генералниот директор на компанијата, Душко Чифлиганец вели дека оваа награда се должи на иновативниот пристап на целиот тим на „Адора инженеринг“, а потенцира и дека стандардите кои ги нуди компанијата во областа на квалитетното домување кај станарите ќе влеат чувство на удобност и топлина.

-Оваа награда се должи на иновативниот пристап на целиот тим на „Адора инженеринг“, во соработка со познати европски архитекти и дизајнери. Иновативноста пред се се однесува на стилот на домувањето, особено на атриумите на објектите, кои се оплеменети со материјали на дрво, природен камен, зеленило и амбиентално осветлување, кои пред се се извор на природна светлина и свеж воздух во внатрешноста на објектите, а на станарите ќе им овозможат чувство на удобност и топлина, вели Душко Чифлиганец.

Тој додава дека оваа награда исто така се должи и на тоа што посебно внимание е посветено и на звучната излоација до 63 децибели, што е 80 отсто над македонските стандарди.

nagrada2
Драгана Чифлиганец на доделувањето на наградата The Bizz 2016
nagrada3
Ентериер на влезот на „Адора Флетајрон“
nagrada4
„Адора Дајмонд Гарден“

Компанијата „Адора инженеринг“ во своето четиринаесетгодишно постоење во високата градба има добиено 4 интернационални и 20 национални признанија, за кои од компанијата велат дека се мотив плус да продолжат и натаму со пионерските иновативни проекти да ги доближуваат придобивките од светските трендови и стандарди во домувањето на македонските граѓани, а со тоа да ја движат напред целата индустрија на високата градба во Република Македонија.