„Адора“ додели бесплатно школување на најсреќниот купувач на стан

Аида Чкалеска-Костова, купувач на стан од Адора инженеринг е добитник на вредната награда целосно бесплатно школување на отсек архитектура во рамки на наградната игра „Купете стан, освојте школување”, што градежниот бренд ја организира за купувачите на станови и деловни простории во март.

 

3

По извлекувањето семејството Костови, видно возбудени и изненадени изјавија дека оваа прва награда што ја добиваат во животот е повеќе од добредојдена и ќе ја искористи синот Филип.

 

1

-Целта на овој благороден проект е заедно да изградиме похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Традицијата на општествено одговорна компанија е дел од корпоративниот идентитет на Адора инженеринг, која успехот како најголем инвеститор во високоградбата и изградените 2.600 домови досега, години наназад го дели со заедницата и граѓаните. Наградата целосно бесплатно додипломско или последипломско школување е уште една потврда дека градежниот бренд Адора инженеринг секогаш на своите купувачи им нуди повеќе од сигурен, квалитетен и економичен дом, возвраќајќи им за довербата и лојалноста со изненадувања и награди, како што е обезбедената едукација за посреќна иднина на купувачите и нивните семејства, а со тоа и за попросперитетна иднина на Македонија”, порача на извлекувањето на наградата првиот човек на Адора, Ванчо Чифлиганец.

m

 

5

Адора инженеринг и фондацијата Ванчо Чифлиганец и во иднина продолжуваат со реализација на проекти за поддршка на образованието, науката, спортот, културата и хуманите активности од интерес на граѓаните и заедницата.