ФОТО+ВИДЕО: Адора Флетајрон Скопје – нов урбанистички симбол

Новиот проект на Адора инжинеринг – Адора Флетајрон Скопје ќе претставува нов урбанистички симбол на Скопје и на Македонија. Денес и официјално, по повод најсветлиот датум во македонската историја, во предвечеријето на големиот национален празник „Илинден“ беше означен почетокот на изградбата на новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје.

Чифлиганец: Адора Флетајрон ќе стане препознатлива на Балканот

Почетокот на изградбата на новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје беше означен во присуство на голем број гости, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски како и на генералниот директор на Адора инжинеринг Проф. Д-р. Ванчо Чифлиганец.

 Адора Флетајрон Скопје - нов урбанистички симбол на Скопје и Македонија
Адора Флетајрон Скопје – нов урбанистички симбол на Скопје и Македонија

Знам дека ќе биде тешко, знам дека ќе има многу неизвесности, предизвикот е голем, но знам дека од ова место, со овој тим и со оваа поволна бизнис клима кога инвестираш во овој објект 20 милиони евра со финансиски економски обрт од 40 милиони евра и кога имаш една морална, законска, принципиелна поддршка од општината, од Градот Скопје, од институциите на државата, јас верувам дека ќе успееме сите заедно со ваша поддршка. Ќе направиме најдобар елитен деловно –станбен објект, јас би рекол да се гордее Скопје, Македонија и да биде пропзнатлива на Балканот. Со сите стандарди: сеизмичка стабилност, енергетска класа А, сето тоа тоа што го прави модерно, современо, во овој објект ќе има, рече генералниот директор на Адора инжинеринг Ванчо Чифлиганец.

Тој појасни дека тимот на Адора инженеринг ќе посвети големо внимание како на изградбата, така и на просторното уредување и изрази уверување дека објектот ќе предизвика голем интерес и надвор од Македонија.

Адора Флетајрон – 100 отсто домашна инвестиција и ангажман на 350 домашни работници

Адора Флетајрон Скопје како 100 отсто домашна инвестиција, односно македонска градба, почна да се гради на просторот на поранешната сапунара „Цветан Димов“, односно на просторот меѓу булеварот „Македонија“ и улица „Иван Козаров“, познат како „Стара рампа“. Објектот се гради на градежна парцела од 4.412 метри квадратни, купена на јавна лицитација за 2.176.991 евра по 493 евра за метар квадратен.

Во Адора Флетајрон ќе бидат вградени 25.000 метри кубни бетон и 2.500 тони железо
Во Адора Флетајрон ќе бидат вградени 25.000 метри кубни бетон и 2.500 тони железо

Во него ќе бидат вградени 25.000 метри кубни бетон и 2.500 тони железо. Во изградбата на зградата ќе бидат ангажирани 350 работници, македонски неимари, високостручни кадри, произведувачи, кооперанти и добавувачи.

Новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје ќе биде со висина од 54 метри и 16 катови
Новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје ќе биде со висина од 54 метри и 16 катови

Новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје ќе биде со висина од 54 метри и 16 катови, три влезови и седум лифтови, ќе располага со елитни станови од 31 до 119 метри квадратни и луксузен апартман на врвот од 260 метри квадратни со фантастичен поглед на Скопје.

Адора Флетајрон ја зголемува понудата на станбен и деловен простор во Скопје

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски изрази задоволство од тоа што, како што рече, АДОРА Инжинеринг ја почнува една можеби од најубавите згради во Скопје, на локација која, како што посочи во минатото долг период била место со рушевини со недобар изглед на влезот на Кисела Вода.

Трајановски: Со Адора Флетајрон се зголемува понудата на станбениот и деловниот простор во Скопје
Трајановски: Со Адора Флетајрон се зголемува понудата на станбениот и деловниот простор во Скопје

На лицитација Адора Инжинеринг го доби овој простор со обврска да ја изгради според Деталниот урбанистички план и навистина со изградбата на оваа зграда на влезот на општина Кисела Вода ќе има нолку погодности. Пред се Кисела вода ќе добие еден добар изглед на портата, ќе се добие еден функционален објект, деловно-станбен комплекс кој што ќе овозможи еден развој и на општината и на градот. Ова ја зголемува понудата на станбениот и деловниот простор во Скопје што секако ја зголемува и конкуренцијата и нуди подобри услови за бизнис и за живеење во градот Скопје, рече Трајановски.

Тој изрази задоволство што македонски компании се едни од поголемите инвеститори во градот Скопје.

Адора Флетајрон – одлични услови за домување

На само еден километар оддалеченост и десет минути пеш од строгиот центар на градот, за 24 месеци се очекува да никне новиот елитен станбено – деловен комплекс Адора Флетајрон Скопје, кој ќе нуди панорамски поглед на „Порта Македонија“ и главниот плоштад во Скопје.

Адора Флетајрон – 100 отсто домашна инвестиција и ангажман на 350 домашни работници
Адора Флетајрон – 100 отсто домашна инвестиција и ангажман на 350 домашни работници

Инаку, покрај тоа што со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали Адора Флетајрон Скопје ќе биде архитектонски симбол на Скопје и Македонија, овој објект ќе биде со докажана асеизмичка стабилност, стандарден европски квалитет и А-енергетска класа.

Објектот ќе има 29 луксузни деловни простории на приземјето и мезанинот, со два влеза и идеални услови за успешни бизниси. Покрај ова, објектот ќе располага со сопствени 350 модерни паркиралишта, од кои најголемиот дел ќе бидат на три подземни нивоа.

Тој ќе понуди одлични услови за домување во висок урбан стил, со лесна достапност на строгиот Центар на Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.