Адора инженеринг со две национални награди за најдобри општествено одговорни практики

Градежната компанија Адора инженеринг доби две национални признанија на денешното доделување на наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2014-та година.

На 8-та манифестација што се одржа во Скопје во организација на Министерството за економија и националното Координативното тело за општествена одговорност, компанијата-градежен лидер во Македонија, наградена е со две признанија за долгорочните проекти: „Вложуваме во општините за доброто на граѓаните” – Духовен храм православна црква Свети Јован Крстител и „Заедно градиме поздрава иднина”-Енергетски ефикасни домови А-класа, во категориите Вложување во заедницата и Заштита на животната средина кај малите и средни претпријатија.

Наградите, доделени во конкуренција на 34 претпријатија и 50 проекти, за Адора инженеринг се потврда дека е на вистинскиот пат во намерата да помогне во изградба на похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани, како и одговорност и стимул да продолжи со унапредување на општествено одговорните проекти во иднина.

Со изградбата на енергетски ефикасни домови како пионери во Македонија, започнавме пет години пред донесувањето на законската регулатива за енергетска ефикасност, први ги изградивме станбените објекти со енергетска ефикасност и сертификат А-класа, кои секоја година ги усовршуваме со нови технолошки решенија, со енергетска и звучна изолација според европските стандарди, што далеку ги надминува македонските прописи. Од нашите еко домови, за кои досега имаме добиено пет национални признанија, најголема придобивка имаат станарите со големите заштеди во потрошувачката на електрична енергија и пари за греење и ладење, со што во голема мера се заштитува и животната средина, порача Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во Адора инженеринг.

adora-inz-1

Адора инженеринг како општествена одговорна компанија со богата традиција, досега има добиено четири награди за вложување во заедницата, оставајќи вредни дела во сите општини каде гради објекти. Со духовниот храм Свети Јован Крстител во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, каде имаме најголеми инвестиции и Спомен обележјето за Водици во Охрид, што е една од најфотографираните атракции во градот на УНЕСКО, подигнати во 2014-та година, сакавме да им возвратиме за довербата на купувачите со нови содржини за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации, порача д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор во Адора инженеринг.

Компанијата, членка на Глобалниот Договор на ООН, која досега има добиено 11 национални награди за најдобри ООП, сега и преку фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, постојано ги поддржува своите вработени, купувачите, студентите, ранливите категории граѓани, спортот, науката, културата и заедницата во целина.