„Адора инженеринг“ 18-та најуспешна компанија во Македонија во 2013-та

Градежната компанија „Адора Инженеринг – Скопје“ е 18-та најуспешна компанија во Македонија во 2013-та година и како градежен лидер и натаму е  најуспешна компанија во високоградбата, според најновите анализи на Централниот Регистар на Македонија.

Високата позиција според успехот во работењето, брзиот раст и развој и во 2013-та година, се надоврзуваат на трендот од последните четири години, кога компанијата постојано се позиционираше меѓу 25-те најуспешни фирми во Македонија, што е потврда за стабилноста, сериозноста и значењето што го има „Адора Инженеринг“ во градежништвото, високоградбата и економијата во Македонија.

„Најновиот податок за 18-то место по успех во 2013-та година, според Централниот Регистар на Р.М, што се во насока на успешниот ранг на Адора Инженеринг од 2010-та година наваму, период во кој компанијата се движи од 25-тото до 12-тото место по успешност во работењето, е најдобар и најточен показател за лидерската позиција која во градежништвото и високоградбата ја има овој единствен градежен супербренд во Македонија. Ова високо рангирање се должи на добрата бизнис клима во градежниот сектор во Македонија, на јасната визија и цел на менаџментот и стручниот тим на компанијата, кој со посветена  работа и постојано следење и примена на иновациите и најновите светски стандарди стана синоним за стабилна, висококвалитетна и економична градба во Македонија. За довербата на граѓаните во Адора Инженеринг зборува и податокот за пораст на продажбата на станови за 10 проценти на почетокот на годинава споредено со лани и повеќето од 70 продадени станови од први јануари до 18-ти март 2014-та година“, вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора Инженеринг“, што овој период ја довршува изградбата на два елитни А класа енергетски станбени објекти во општина Аеродром, Скопје, каде оваа градежна  компанија планира да изгради уште четири нови станбени објекти.