Адора инженеринг-најпопуларна градежна компанија во 2014

На манифестацијата „Најпопуларни“, позната како „Гран при“ и „Битолски оскар на популарноста“, Адора инженеринг го доби признанието најпопуларна градежна компанија во 2014-та година во Македонија, а генералниот директор Ванчо Чифлиганец ја доби специјалната награда за општествена одговорност.

За првиот човек на Адора инженеринг, сопственикот и генерален менаџер Ванчо Чифлиганец,  признанијата се потврда дека компанијата-градежен лидер во Македонија и регионот, е препознаена од граѓаните кои и ја даваат својата доверба, одлучувајќи се за купување нов дом од овој градежен бренд, кој се труди тоа да го оправда секојдневно, нудејќи сигурно, квалитетно и економично домување според најновите европски стандарди и светски тренови.

Ванчо Чифлиганец изрази задоволство што откако сам ги почувствувал благодетите на солидарноста и помагањето на заедницата за своето образование, сега според своите можности му возвраќа на општеството, со поддршка на образованието и развојот на младите талентирани луѓе, студенти и  спортисти, како си хуманирани акции и донации за заедницата, со што сите заедно вложуваме во развојот на државата за подобар живот и иднина на граѓаните.

Манифестацијата „Најпопуларни за 2014“, се одржа во Битола по деветти пат во организација на Тв Орбис, чии гледачи со гласање ги избраа  најпопуларните компании, поединци и институции од целокупното живеење на општествената заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.