Македонија,Економија

Адора инженеринг со градежно признание во Мадрид

Адора инженеринг со градежно признание во Мадрид

Адора инженеринг доби висока меѓународна награда за градежништво во Мадрид,Шпанија. Наградата на генералниот директор, Ванчо Чифлиганец му ја додели еминентниот Клуб на лидери во глобалната трговија.

„Интернационалната награда за градежништво од Клубот на глобалните  трговски лидери, за Адора Инженеринг е уште една меѓународна  афирмација и потврда дека е препознаен и вреднуван квалитетот на работа на компанијата на меѓународно ниво, што претставува признание за градежниот бизнис и за Македонија. Наградата за компанијата е посебно значајна зошто доаѓа од клуб со 7.500 членови од 95 земји и се однесува на градежната дејност со која Адора Инженеринг успешно се занимава 12 години, како пионер во воведувањето и примената на иновациите за сигурно, квалитетно и економично домување. Собирот е одлична можност за интернационално  презентирање на компанијата, за размена на знаења и искуства, за воспоставување нови бизнис релации и иницирање соработка со деловни субјекти од целиот свет“, рече Чифлиганец.

Меѓународната награда за градежништво е уште едни интернационалнио признание за Адора инњенеринг по европските награди за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер од Европската Бизнис Асамбела во 2012 година.

Со оваа награда Адора инженеринг останува најуспешната компанија во високоградбата во државата која според анализите и водечките лидери во светот на бизнисот го има добиено ова признание.