„Адора инженеринг“ со зградата „Флeтајрон“ ќе го донесе њујоршкиот дух во Скопје

На местото на старата сапунара „Цветан Димов“, во населбата Кисела Вода ќе никне нов објект, којшто визуелно комплетно ќе наликува на градбата „Флетајрон“  изградена во Њујорк во 1902 година.

Проектот беше презентиран во рамки на денешниот саем за градежништво, а ќе биде изведен од страна на градежната компанија „Адора инженеринг“.

Според генералниот директор на команијата, Ванчо Чифлиганец, со оваа градба што треба да почне да се гради за неколку месеци, во Скопје ќе почувствува духот на Њујорк, бидејќи зградата  визуелно комплетно ќе наликува на градбата „Флетајрон“  изградена во Њујорк во 1902 година.

Новиот луксузен објект, кој ќе биде завршен со градба следната година, ќе биде висок од 45 до 50 метри, односно ќе има 16 ката (мезанин + 14 ката).

„Адора инженеринг“, локацијата за оваа градба ја купи на јавна лицитација за 2,2 милиони евра. Почетната цена на лицитацијата беше 308.000 евра. Дополнително за комуналии, компанијата на општината треба да и плати околу 2,5 милиони евра. Инвестицијата се проценува на 40 милиони евра.

flatajron_newyork

„Флетајрон“ е една од најпознатите згради во Њујорк, изградена на почетокот на 20.век, од архитектот Ваниел Бурнхам. Инаку таа се вбројува меѓу првите висококатница што воопшто биле изградени во Њујорк, а карактеристична е по триаголниот облик.