ФОТО+ ВИДЕО: „Адора“ почна да гради дом за стари лица во Илинден

Еминентната домашна градежна компанија Адора Инженеринг, денеска почна со изградба на Рекреативен комплекс Адора Илинден Скопје – Дом за живеење и нега „Втора младост“. Со ова, компанијата најави нов аспект на своето делување, при што овојпат се става акцент на хуманиот аспект при проширување на бизнисот.

Комплексот, кој е сместен во населба Илинден,  ќе биде со капацитет за сместување на 150 лица од возрасната популација, и е инвестиција вредна 4,5 милиони евра. Новиот дом за згрижување на стари лица ќе рaсполага со содржини за медицинска нега, здравствена заштита, исхрана, рекреација и забава и ќе нуди услови за квалитетно и хумано живеење на граѓаните во зрелото доба, според најсовремени светски стандарди.

DSCN2450

Оваа нова инвестиција на компанијата Адора Инженеринг ќе овозможи и отворање на нови работни места. За почеток ќе бидат ангажирани триесетина лица стручен кадар – лекари, медицински сестри, негувателки, физиотерапевти, социјални работници, психолози, домаќинки, готвачи угостителски и спортски работници и лица кои ќе работат во администрација. Карабината ќе биде изградена за околу 100 дена, а паралелно општина Илинден ќе помогне во изградба на потребната инфраструктура.

Комплексот ќе се гради на бруто развиена поврина од 9.000 квадратни метри, со вграден бетон од 4.000 кубни метри и вградено железо 400 тони. Станува збор за сеизмички стабилен објект и е ниско енргетска градба.

„Со понудените услови луѓето кои ќе живеат тука ќе се подмладат и затоа го нарековме „втора младост“. Негата ќе биде на светско ниво.  Оваа инвестиција е поддржана од опшината Илинден и од Владата и е чекор напред во бизисот на компанијата. Почнуваме нов хуман бизнис.  Со изградбата на домот нека се префрли урбаното јадро во оваа оштина, да го разубавиме и овој дел и да направие светски стандари за домување. Верувам во тимот на компанијата и верувам дека оваа инвестиција ќе биде успешна како за Адора, така и за општината Илинден и за Град Скопје, истакна  проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на „Адора инженеринг“.

DSCN2449

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, кој присуствуваше на поставувањето на камен темелникот за изградбата на Домот за стари лица „Втора младост“, изрази багодарност до Чифлиганец за одлуката да инвестира во оваа општина, посочувајќи дека општината ќе излезе во пресрет со инфраструктурно уредување, а воедно ќе ги следат и барањата на инвеститорот со цел подобрување на квалитетот на живеење на лицата во овој дом.

Во текот на последните години вложени се значителни напори за подобрување на конкурентноста и поддршката на прватните инвестиции во општината.  Токму преку промовирање на потенцијалните можности за инвестирање се дава позитивен импулс за влез на инвеститори, како што е компанијата „Адора“, која што има добиено голем број на престижни домашни и меѓународни признанија за својата работа, истакна Стојановски.

DSCN2455

2

3

4

5

6

8