Адора постави рекорд во брза и квалитетна градба

Адора инженеринг на Саемот на недвижности RealExpo 2016, ги претставува рекордно изградениот нов урбан симбол во центарот на Скопје, станбено-деловниот комплекс Адора Flatiron Скопје, најновиот атрактивен објект Адора Diamond Garden што наскоро ќе се гради во Карпош-Тафталиџе и вредната награда, целосно бесплатно универзитетско школување на Американ колеџ Скопје за најсреќниот купувач на стан.

Уникатниот Адора Flatiron Скопје, инспириран од славната њујоршка зграда, Адора инженеринг го изгради до последна плоча за само шест месеци, со што постави уште еден рекорд за брза и квалитетна градба на вкупна површина од 42.453 м² на објект со три подземни и 18 нивоа над земја, со висина од 58 метри во срцето на Скопје, на почеток на општина Кисела Вода. Објектот како најголема инвестиција во високоградбата во Македонија од 22 милиони евра претставува 11 % од вкупните инвестиции во високоградбата во Македонија  во 2015-та година, кога Адора инженеринг изградбата на станови ја зголеми за 400 %, односно за 4 пати повеќе во однос на просекот од претходните години. Комплексот со препознатлива архитектура и луксузен ентериер, кој се гради со примена на најсовремените светски стандарди и иновации за квалитетно домување, се планира да биде целосно готов во 2017-та година.

Со најновиот објект Адора Diamond Garden, кој инспириран од зелениот дијамант, со многу стаклени површини и дијамантски структурни црти ќе се гради во Тафталиџе, скопски Карпош, Адора инженеринг во Македонија го воведува модерниот светски тренд на зеленото домување. Објектот во стакло, со многу природна светлина, два атриуми и внатрешни зеленила, ќе биде вистинска Дијамантска зелена градина за пријатно и здраво домување на атрактивна локација во Скопје.

На саемот на недвижности RealExpo 2016-та за најсреќниот купувач на стан, Адора инженеринг обезбеди вредна награда, целосно бесплатно факултетско или последипломско школување на Универзитетот Американ колеџ Скопје, со што ја продолжува традицијата на изненадувања и грижа за своите купувачи, кои од компанијата секогаш добиваат повеќе од дом.

Адора инженеринг, како најголем инвеститор во високоградбата во Македонија со 50 милиони евра инвестиции во 2015-та година, што е 20 % од вкупните инвестиции во високоградбата минатата година, во 2016-та година продолжува со реализација на започнатите проекти и нов инвестициски бум, на што ќе бидат ангажирани околу 500  вработени.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.