„Адора“ со три награди за најдобри општествено одговорни практики

Градежната компанија „Адора Инженеринг“ е една од добитниците на Националната наградата за општествено одговорни практики, за годинава. Таа доби статуетката за однос кон животната средина, плакетата за вложување во заедницата и јубилејната награда за најнаградувани компании во изминатата деценија.

Целта на наградата е да промовира позитивни практики и општествена одговорност кај претпријатијата во државава, практика што треба да стане општо прифатлив стандард.

Годинава, за десетгодишнината од оваа манифестација,  на конкурсот се пријавени  34 проекти од 25 претпријатија. „Адора“ годинава

Статуетка за општествено одговорни проекти за заштита на  животна средина меѓу големите компании, „Адора“ доби за проектот „Со еко домови 15 години градиме зелени градови во Македонија“, со иновативен приод во изградбата на енергетски ефикасни домови со природна светлина, органска фасада и без бучава, со цел да им овозможиме на купувачите комфорно, здраво и штедливо домување и да ја заштитиме животната средина од еко и звучно загадување.

Како потврда за повеќекреатната заштеда на енергија за греење и ладење купувачите ќе добијат енергетски пасош А-класа, а за одличната звучна изолација која е далеку над македонските стандарди, станарите во новиот  објект Адора Flatiron, за прв пат во Македонија ќе добијат сертификат за акустичен комфор од реномираниот бренд Ригипс, како гаранција за мирно и спокојно домување во урбаното јадро на метрополата. Долгорочниот проект за изградба на еко домовите продолжува со унапредување на зелените домови во Дијамантската градина на Адора-АдораDiamond Garden во скопски Карпош, што го носи светскиот тренд на зеленото домување кај нас со придобивки за граѓаните, а Македонија е дел од глобалната кампања на ООН за градење зелени градови.

Во категоријата Вложување во заедницата, годинава „Адора“ го доби 5-тото национално признание за најдобри ООП, за еден многу  хуман проект под наслов: „Нов дом за безгрижна старост на Трајкови во Дедино“. На Ивана и Јован, Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец им помогна да се вратат во нов сигурен и топол дом, изграден над пепелот на нивната изгорена куќа во Дедино, Општина Конче.

Идејата за овој проект дојде по медиумското објавување на оваа потресна сторија минатиот декември, што во Адора инженеринг не поттикна да им подигнеме нов модерен и квалитетен дом над изгореното семејно огниште, со цел двајцата немоќни стари луѓе Ивана и Јован да имаат пристоен живот и достоинствена старост. Проектот се темели на хуманоста и солидарноста на луѓето за што има традиција на овие простори, кога и нашите претци опстанале благодарние на взаемното помагање на луѓето во невоља.

Досега Адора инженеринг има релизирано бројни хумани проекти за помош, поддршка, поквалитетен и посреќен живот на граѓаните во рамките на долгорочниот проект: „Вложуваме во општините за доброто на граѓаните“.

Компанијата „Адора“, по повод јубилејот, доби и признание како најнаградувана изминативе десет години. Признанието му беше врачено на сопственикот Ванчо Чифлиганец, а главната стауетка за годинешната награда ја подигна Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на „Адора“.

Овие признанија ни се особено драги, зошто ја афирмираат нашата заложба за воведување на енергетски ефикасните домови уште пред да биде тоа законски регулирано кај нас, преку реализација на долгорочен проект за постојано унапредување по современите светски стандарди, во корист на купувачите, со заштеди на енергија во еко домовите и со заштита на животната средина, вели Душко Чифлиганец.

Ванчо Чифлиганец, од името на вработените во својата компанија, упати честитки за јубилејот, воедно посочувајќи дека „Адора“ веќе 15 години континуирано вложува во општествени практики и во заедницата, а тоа ќе продолжи и понатаму.

Адора инженеринг во 15 годишното постоење има издвоено околу 3 милиони евра за реализација на општествено корисни проекти, во кои има вложено многу љубов за изградба на подобро, поздраво, посреќно и похумано општество за сите, посочи Ванчо Чифлиганец.

 

Претпријатијата и годинава најмногу аплицираа во категоријата вложување во заедницата (32%), потоа, однос кон вработени (26%), ќивотна средина (21%), односи на пазарот (15) и етичко управување (6%).

Организирањето на Националната награда е финансиски поддржано од Министерството за економија и четврта година по ред од проектот „Општествана одговорност за сите“, кофинансиран од Европската унија.

На денешното свечено доделување на наградите, присуствваше и премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков, претседателот на координативното тело, Александар Николов и министерот за економија, Крешник Бектеши.