Адриан Рамос е наследникот на Роберт Левандовски

Хелмут Венин, агентот на колумбискиот интернационалец од редовите на Херта од Берлин, Адриан Рамос, откри дека неговиот клиент ќе биде ангажиран како замена за полскиот интернационалец од редовите на Борусија од Дортмунд, Роберт Левандовски.

“Голема е веројатноста дека Рамос во новата сезона ќе настапува во дресот на Борусија Дортмунд. Не сакам многу да зборувам на оваа тема, нема да зборувам се додека двата клуба не најдат заеднички јазик околу обесштетувањето. Ќе зборувам кога се ќе биде официјално и кога ќе бидат договорени и најситните детали”, изјави Венин.

Рамос во актуелната сезона има постигнато 15 погодоци на 25 натпревари, а од продажбата на 28-годишниот напаѓач, челниците на Херта очекуваат заработувачка од најмалку 10 мил. евра.