Адриано Галиани во “потера” по Марио Манџукиќ

Последниве денови наголемо се ширеа гласини за евентуалното враќање на Карло Анчелоти во Милан, а овие шпекулации беа дополнително засилени откако извршниот директор на “росонерите”, Адријано Галијани беше виден во престолнината на Шпанија.

Сепак, според мадридскиот весник “Ас”, кој будно ги следи случувањата околу “кралскиот клуб”, присуството на Галијани во Мадрид нема никаква врска со Анчелоти. Главната причина за посетата на Италијанецот е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Марио Манџукиќ.

Милан и Атлетико веќе имаа соработка во текот на зимскиот преоден рок, кога направија размена Черчи – Торес, а сега се очекува повторна соработка помеѓу клубовите.

Со оглед на реконструкцијата која раководството на Милан ја планира во навалната линија, каде Пацини и Дестро се очекува да го напуштат тимот, ќе се отвори место за нови напаѓачи, а еден од нив најверојатно ќе биде Манџукиќ.

И самиот Галијани изјави за медиумите дека е голем фан на Хрватот, поради што не би требало да има поголеми проблеми околу неговиот ангажман, особено што и самиот фудбалер не е во најдобри односи со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.