Адријана Лима и Марко Јариќ повторно заедно?

Адријана Лима и Марко Јариќ повторно заедно?
Адријана Лима и Марко Јариќ повторно заедно?

Поранешните сопружници Марко Јариќ и Адриана Лима повторно се најдоа во центарот на јавноста поради  нивното однесување на социјалните мрежи , а медиумите шпекулираат дека на нивната љубов и дадоа уште една шанса.

Јариќ и Лима повторно почнале да се „следат“ на социјалните мрежи , а познатиот кошаркар неодамна на Твитер објави фотографија од поранешната сопруга и постарата ќерка од еден моден едиторијал.

твитермј

Од друга страна, Адриана од своите налози на социјалните мрежи ги избришала фотографиите со Џо, боксер со кој започна романса по разводот.

Извори блиски до двојката тврдат дека емоциите помеѓу поранешните сопружници не згаснале, иако двајцата имаа нови партнери по разводот. На крајот на краиштата најважна им е среќната на нивните ќерки Влаентина и Сијена.

Ниту Јариќ, ниту пак Лима засега ниту ги потврдиле ниту демантирале овие наводи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.