Адријана Лима: Откако станав мајка имам повеќе самодоверба и се чувствувам поубава

Манекенката Адријана Лима во интервју за еден турски магазин открила дека покрај двете ќерки кои ги доби со српскиот кошаркар Марко Јариќ, Валентина (5) и Сиена (3), сака да има уште деца. Истовремено проговорила и за својата линија и како се грижи за својот изглед.

Адријана често ја посетува Турција каде е многу омилена . Таа поминуѕва толку многу време таму што Турците ја сметаат за своја. За еден турски медиум манекенката дала интервју во кое открила дека сака да стане мајка по третпат.

– Немам план да го проширам семејството во овој момент, но сакам уште еднаш да се остварам во улогата на мајка. Сиена и Валентина ми одземаат најмногу време. Може да кажам дека тоа што станав мајка е најдобрата работа која ми се случила. Луда сум по своите деца – изјавила 32-годишната Лима.

Таа потенцирала дека тоа што станала мајка ја направила позрела личност.

– На двете нозе стојам цврсто на земја. Како жена имам повеќе самодоверба и се чувствувам поубава. Некои работи кои порано ми беа важни сега се занемарливи – вели Лима.

Таа открила дека за нејзиниот изглед е заслужен кик боксот, како и внесувањето на течности без масна храна.

lima1

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.